Веднаш му го давам бубрегот на Бориша – пејачот Слоба Радановиќ објави порака од човекот и му порача
Познатиот пејач не можеше да остане рамнодушен на ова
Слоба Радановиќ со воодушевување го сподели постот на еден господин од Сјеница кој на Фејсбук напиша дека би го дал бубрегот на кошаркарот Бориша Симаниќ, кој игра за репрезентацијата на Србија.
„Драги пријатели, имам 73 години и девет месеци, но спремен сум ако медицинските услови дозволуваат, веднаш да му го дадам бубрегот на Симаниќ, како тој би ги имал и двата и да може успешно да ја продолжи кошаркарската кариера“ ја започна својата порака човекот.
Ако на мене не ми дозволи медицината ги замолувам сите мои пријатели и драги луѓе да размислат за можноста да му дадат бубрег на ова храбро момче. Ви благодарам на разбирањето“, напиша овој господин на својот Фејсбук профил, а познатиот пејач го сподели неговиот пост.
Потсетуваме, младиот кошаркар Бориша Симаниќ остана без бубрег по ударот што го доби на натпреварот со Јужен Судан, во групната фаза на Светското првенство во кошарка.
Фото: Инстаграм/ Бориша Симаниќ
Тој цело време беше во болница, а со репрезентативците се врати во Србија и успеа да дојде да пречекот и кога спикерот го кажа неговото име, тој беше со солзи на очите, а снародот што беше собран да ги дочека почна да го скандира неговото име.
Фото: Инстаграм/ Бориша Симаниќ
Еве зошто му беше изваден бубрегот
Кошаркарот остана без бубрег откако на натпреварот против Јужен Судан доби незгоден удар со лакт од страна на Нуни Омот.
Фото: Инстаграм/ Бориша Симаниќ
Заради тешката повреда, мораше да му биде отстранет бубрегот, а докторот Момчило Мома Јаковљевиќ за Бориша вели:
„Со еден бубрег голем број луѓе живеат и активно се занимаваат со спорт. Постојат реално големи шанси Бориша без пречки да му се врати на професионалниот спорт, тој е младо момче и сметам дека без проблем ќе може да продолжи да игра кошарка“, вели овој спортски доктор за Спортал.