Вдовицата на Оливер Драгојевиќ со тажна порака по повод неговиот роденден: Полесно ќе беше да не постоеше овој ден!
Да беше жив легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ, вчера би го прославил својот 74 роденден пеејќи во црквата во Вела Лука.
Вчера, на денот на неговиот роденден семејството традиционално го посети неговиот гроб.
Сопругата Весна се уште не може да се помири со фактот дека него го нема, и открива дека и е многу тешко без него.
– Во чест на неговиот роденден денеска ќе има концерт во црквата Св. Јосип во Вела Лука во 19.30 часот – откри вчера Весна и додаде дека ќе присуствуваат само постарите членови на семејството Драгојевиќ.
„Се чувствувам ужасно, само да можев да го прескокнам денешниот ден. Тажни сме. Не му славиме роденден откако почина – вели Весна за хрватскиот портал 24 сата и додава:
– Живеевме заедно 46 години. Сите знаеме што би сакал и што сакаше да прави за својот роденден. Знаете, тој правеше хуманитарни концерти за неговите родендени. Оливер остана на ова: „Ќе ти дадам, не ми давај“. И така беше.
– Во семејството сме 14, тоа се премногу подароци годишно. Оливер никогаш не славел родендени, но подоцна, поради внукот, се согласил да дува свеќички и да исече торта …
На неговата Весна и било најтешко кога ја слушнала неговата дијагноза.
– Нема ни да зборувам за тоа, страшно е. Јас пушев повеќе од него, дали е тоа можно. Наместо да ми се случи мене, нему му се случи. Децата беа оптимисти,јас немав надеж. Пробавме сè. Ги испративме наодите до клиниката Мајо. Ни кажаа дека се што добива во Сплит ќе добива и таму. Се распоредивме кога кој ќе оди во болница. Отидов со невестата Кармен, таа беше бремена. Таа со него играше карти. Цел ден бевме во болница. Му готвев секој ден и го носев јадењето. Ќе дојдоа Теди и Гибо. Не јадевме, живеевме толку неуредно. Ослабев пет килограми – рече еднаш Весна.
– Сменив се во станот во Сплит само за полесно да пребродам. Да не го направев тоа, немаше да можам повеќе да влезам во неговата соба. Имаше своја соба, која вели дека ја добил по речиси 50 години. Му реков, да, заслужуваш, секоја чест. Таму гледаше натпревари, имаше клавир, кревет, гитари, инструменти, слушалки, кабли, сите тие чуда на техниката. Кога бевме сами дома, тој ќе одеше во таа соба после ручекот. Што ќе седи со мене да гледа како ги мијам садовите. Во собата цел ден слушаше џез на Јутјуб. Максималната толеранција имавме – изјави во една прилика Весна.
За потсетување, Оливер Драгојевиќ, легендата од хрватската музичка сцена, почина по едногодишна битка со рак на белите дробови во 2018 година. Тој зад себе ја остави својата сопруга Весна, со која беше во брак 44 години, синот Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39).
Оливер беше еден од најталентираните пејачи во поранешна Југославија.Публиката го сакаше токму поради неговиот талент да предизвика емоции кај секого, поради неговата посебна искра која што ја имаше и по која беше препознатлив.
После фазата на тешко лекување, одреден период тој се чувствувал многу подобро, но сепак, лекувањето му одзело многу енергија и сила. Кон крајот на месец март 2018 година Драгојевиќ доби награда за животно дело, кое во негово име ja примиja Џибони, Петар Грашо и Синиша Скарич а тој тогаш се обрати со видео порака.