Вдовицата на Коби скршена од болка – во една секунда остана без ќерката и сопругот! Пријателите откриваат како ја поднесува болката
Сопругата на Коби се соочува со голема болка

Ванеса Брајант која со легендарниот кошаркар помина 20 години, во еден ден го изгуби и сопругот и тринаесетгодишната ќерка.
Парот за време на нивниот долг брак добија четири деца: Наталија (17), Џијана (13), Бјанка (4) и Капри (само 7 месеци).
Тринаесетгодишната Џијана беше со својот татко во хеликоптерот кој во неделата се сруши во Калифорнија. Како што јавуваат американските медиуми, сопругата на Коби емотивно е скршена, но се обидува да биде колку може посилна само заради ќерките.

Многу и е тешко, ова е еден од најболните моменти за неа и целото семејство, изјави за „People“ извор близок до семејството.
Според друг извор, Ванеса се чувствува лошо и одвај функционира. „Не може да заврши цела реченица, а да не заплаче. Сепак, се труди да биде силна заради девојчињата. Сега мора да биде таа што ќе е силна.“

„Мора да биде најсилна. Се држи добро заради своите три деца. Се обидува на секој начин на децата да им го олесни тажниот момент. Се потпира на верата. Не е само, но уште долго време ќе тагува“, додаде изворот.

Парот се запозна во ноември 1999 година, а се венчаа во април 2001, и покрај тоа што родителите на славниот спортист се противеа на нивниот брак.
Тие се соочија со низа проблеми и предизвици за време на нивниот живот, но успеаја да ги пребродат сите и да изградат прекрасно семејство.