Вања, многу ни недостасуваш – видео на ТикТок што ги РАСПЛАКА СИТЕ. Беше ангел што чекореше по земјата
Животот на малата Вања згасна, но сеќавањето на нејзиниот ангелски лик ќе остане засекогаш
Многумина се прашуваат како може да постојат толку злобни луѓе…
На ТикТок профилот именуван по Адриана Дукиќ, 14-годишното девојче кое беше една од убиените во крвавиот пир на Коста Кецмановиќ, објавено е видео со фотографии од убиената Вања Ѓорчевска чие убиство ја потресе Македонија, но и целиот регион.
Видеото веќе има преку 250.000 прегледи, а објавено е со пораката: „Вања, многу ни недостасуваш, почивај во мир!“
Фото: Фејсбук
Потсетуваме, малата Вања беше грабната од нејзиниот влез во центарот на Скопје и по неколку часа беше свирепо убиена.
Нејзиното тело беше пронајдено дури по седум дена, кога осомничените им кажаа на инспекторите каде ја закопале.
@adridukic._ Vanja mnogu ni nedostasuvas srce,pocivaj u mir 💔😭😭🕊️#vanjagjorcevska
Таа беше грабната со автомобил цитроен грабнат од Панче Ж. од Велес кој беше убиен од истата група, неколку дена претходно.
Целиот случај предизвика голем шок во нашата земја, но и во регионот, посебно откако се дозна дека е обвинет и таткото на Вања.
Вања беше ученичка во деветтото одделение и беше мирно и повлечено девојче, со ангелски лик и преубава насмевка, кое многу си го почитуваше и сакаше својот татко.
Адриана Дукиќ, една од жртвите на Коста Кецмановиќ (фото: ТикТок)
Инаку, ова видео што предизвика внимание на ТикТок беше објавено на профилот што го носи името на една од жртвите на Коста Кецмановиќ. Станува збор за уште едно девојче со ангелски лик, Адриана Дукиќ, која беше една од осумте девојчиња и малиот виртуоз на клавир, Андрија Чикиќ, што ги уби Коста во својот крвав пир.
Во овој болен поход на Кецмановиќ вкупно беа убиени девет ученици и школски чувар, а рането уште пет дечиња и една учителка.