Вања и нејзината сестра поради војната избегаа од Југославија – во авинот сретнаа една госпоѓа што им остави писмо поради кое денес ја бараат
Кратката средба што им се случила пред дваесет години со една жена што ја сретнале во авион засекогаш им го сменила животот.
Овие две сестри кои како мали од поранешна Југославија емигрирале во Америка, денес се обидуваат да ја најдат жената која имала големо влијание во нивниот живот, пишува порталот „Стар Трибун.“
Вања и Аида Зугај на непознатата жена и нејзиниот пријател, што во 1999 година ги сретнале на летото од Амстердам за американската држава Минесота, им раскажале како бегаат од бомбардирање на Југославија. Тие тогаш имале 17 и 12 години, а најпрво избегале во Унгарија каде успеале да добијат виза за САД, па преку Амстердам за Минесота.
Пред да се разделат жената им дала плико, а во него нашле писмо, пара од 100 долари и златни обетки.
Девојчињата од поранешна Југославија, жал ми е што бомбардирањето на вашата земја предизвика проблеми во вашето семејство. Се надевам дека престојот во Америка ќе ви биде сигурен и среќен, добре дојдовте во Америка и искористете го ова за да ви помогне, им напиша жената која се потпишала како вашата пријателка од авионот, Трејси.
Тоа ни значеше многу. Откако видовме толку многу грди работи, беше неверојатно да ни се случи нешто толку добро, раскажува Аида која тогаш имала само 12 години.
Таа откри дека тоа била единствените пари што тогаш ги имале, и со нив купиле смеса за палачинки и кока-кола како подолго време би останале сити.
Аида денес има 31 година, зборува четири јазици и има диплома од политички науки, а нејзината постара сестра е анестезиолог.
Години подоцна го пронашла писмото од непознатата жена и одлучи да ја пронајде, но бидејќи тоа се покажа како невозможна мисија решила писмото да го објави на интернет. Претпоставува дека жената се уште живее во Минесота, и дека ќе може да и се заблагодари на добриот чин што го направила за нив.
Сакам само да и кажам колку имала позитивно влијание на мојата сестра и на мене. Тоа беше првото нешто што го доживеавме во Америка, љубезноста на двајца луѓе што ја слушнаа нашата приказна.