Реклама
BEAUTYФитнес

Вашите стомачни мускули завистат од тоа што и како јадете, а оваа фитнес-блогерка е најдобриот доказ за тоа

Реклама

Неса Сфера, 39-годишна жена од Луксембург, никогаш немаше проблеми со вишокот килограми.

Таа беше една од оние што јадеа она што сакаат, а нејзиното тело секогаш беше во иста форма.

Маркетинг

Само кога почнала да работи на новата работа поврзана со финансии забележала нови промени.

„Бев фокусирана на мојата работа, а не на моето тело. Јадев лошо и бев постојано под притисок”, изјави таа за Космополитан.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bd-3HndDpN5/

 

Кога случајно забележала своја фотографијата сфатила дека мора да се фокусира на нејзиното здравје.

„Не можев да поверувам колку моето тело се сменило бидејќи не се грижев доволно за него”, рече таа.

https://www.instagram.com/p/BhCi49bjJb3/?utm_source=ig_embed

Таа првично одлучила да вежба рано наутро затоа што не можела да ја најде потребната мотивација кога се враќа дома од работа. Иако беше тешко за неа да се разбуди наутро во пет часот, таа по извесен период почна да се буди и пред да заѕвони алармот.

https://www.instagram.com/p/BqnJj3VFWab/

 

По шест месеци, Неса забележа дека нејзиното тело почна да се менува и потоа одлучи да посвети поголемо внимание на нејзината исхрана. Иако мислеше дека јаде прилично здраво, таа брзо сфати дека не обрнува внимание на големината на порцијата, прескокнува оброците кога немала време да јаде, а потоа ги надоместувала.

https://www.instagram.com/p/Bsv9s-lF6pW/

 

Таа почна да јаде на секои три часа, пет до шест оброци, што изнесуваше околу 2.000 калории.

Во текот на работниот ден, оброците се слатки компири, пилешки гради, брокула авокадо, ориз, боранија со маслиново масло или тестенини,ореви, ракчиња. За вечера, таа ќе јадеше кајгана спанаќ и домати, леб со путер од кикирики и зелена салата, банана, лосос и оризови колачи.

https://www.instagram.com/p/BliycqPDrEd/?utm_source=ig_embed

Сите свои оброци ги спремала пред почетокот на работната недела, па така за 11 недели, Неса забележа голема разлика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button