Васил Зафирчев скршен од болка, игуби важна личност: „Имаше очи исти како моите“
Македонскиот актер со емотивна посвета за важна личност во неговиот живот.
Зафирчев се збогуваше од својата тетка преку социјалните мрежи.
Актерот Васил Зафирчев во својата богата кариера има остварено над 60 улоги и добитник е на престижни награди.
ФОТО: Инстаграм / Васил Зафирчев
Изминативе години огромна популарност стекна со улогата на готвачот Марио од Хрватска во серијата „Преспав“.
Тој е еден од најдобрите актери кај нас со неверојатен талент за трансформација.
ФОТО: Инстаграм / Васил Зафирчев
Освен како актер, тој е одличен музичар и водител.
Честопати е водител на значајни манифестации во нашата земја.
ФОТО: Инстаграм / Васил Зафирчев
Ретко во јавноста зборува за својот приватен живот и се труди да го зачува за себе.
Повеќе од една деценија беше во брак со нашата поп-дива Калиопи.
ФОТО: Инстаграм / Васил Зафирчев
После нивниот развод тие останаа добри пријатели и до ден денес се во одлични односи, па за важни датуми знаат и да се сретнат.
Васил е активен и на социјалните мрежи, кои често ги користи како платформа на која ќе ја промовира својата работа.
ФОТО: Инстаграм / Васил Зафирчев
Овој пат одлучи да сподели емотивна порака посветена на важна личност во неговиот живот.
Како што напиша, неговото семејство доживеало загуба по згаснувањето на животот на неговата тетка, која ја смета за најзаслужна за она што тој е денес и која му била огромна поддршка целиот живот.