Реклама
Интервју

Ване Маркоски:„ Конечно успеав да ги разграничам луѓето кои се негативни, а кои позитивни“

Реклама

Секојдневно го гледаме на телевизиските екрани во шоуто за готвење кое се емитува на Канал 5 ТВ, покрај тоа што е телевизиски и радио водител тој приватно обожава и да готви. Со познатиот водител Ване Маркоски разговараме за детството, за љубовта кон новинарството, но дознаваме и што го прави среќен.

Какво дете беше Ване?

Хм. Интересно прашање кое ме натера да размислувам… Различен бев карактерно, нормално, се адаптирав според околностите, но во глобала, кога би требало да се опишам во еден збор кој ги спојува сите мои однесувања како дете, тоа е пргав. Бев брз, подвижен и темпераментен. Дома послушен, кај баба и дедо размазен, со другарите од маало бесен, на училиште мирен. Правев бељи, никогаш се немав тепано, бев и многу снаодлив, дали да се извадам нешто пред моите дома, дали на училиште… Имав убаво детство, среќно, растев во хармонија, со млади родители кои беа строги кога требаше, фини кога исто така заслужував. Бев дете воспитувано да се однесува со почит кон баба и дедо, кон повозрасните, а најсреќен бев кога пред секоја Нова година одевме на поранешниот саем, на добропознатиот тогаш новогодишен саем, купувавме елки, лампиони и на крај секогаш јадевме алва..хахаха. Не знам зошто, но од се како мал, од сите ситуации, патувања, убави моменти, тоа ми остана во меморијата како настан кој ден денес ми буди убави емоции.

Како се роди љубовта кон новинарството и телевизијата?

Не се роди, туку едноставно сме биле во одлична синергија  уште со самото доаѓање на овој свет, бидејќи од мал, кога не сум зборувал и бил свесен за себе, јас сум пројавувал интерес за радиото по дома, за телевизирот за играчки како слушалки, микрофони и слично. Едноставно имам привилегија да сум во таа група на луѓе кои егзистираат на овој свет и на истиот дошле веќе со љубов кон нешто кое сакаат да го работат.

Маркетинг

Актуелен си со телевизискиот проект за готвење, колку Ване знае да готви?

Се разбира дека знам. И не само поради емисијата, туку уште пред неа. Готвењето ме смирува, опушта и ме радува. Посебно кога готвам за пријатели кои на крај ми делат убави комплименти за храната.

Маркетинг

Што најмногу сакаш да готвиш?

Ја сакам италијанската кујна. Сакам да готвам тестенини. Тоа ми е на прво место.

Што те прави среќен?

Ме прави среќен што последниве години конечно успеав да ја разбудам мојата свест, да работам на својот личен и духовен развој и се повеќе и повеќе да барам одговори на прашањето: Кој сум јас и што ме прави мене среќен? Читам, патувам, љубам, готвам, се мазам со кучето, уживам со пријатели со кои јас сакам да поминувам време, учам, пијам кафе, се смеам, возам велосипед, вежбам, пливам… Има многу ситници кои ме прават среќен, но најсреќен сум кога знам дека конечно успеав да ги разграничам луѓето кои се негативни, а кои позитивни. Едноставно успеав да увидам дека постои градација на различни емоции и вибрации кај сите луѓе, не дека не го знаев тоа и порано, но нивото на свест ми беше некаде на ниските скалила.  Сега свесно пристапувам кон ова. Беше малку болно, бидејќи требаше да ги тргнете од вашиот живот и дел од луѓето со кои сте се знаеле и дружеле со години, па сте се навраќале на нив, но од сегашна гледна точка, среќа е да го пронајдеш внатрешниот мир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button