Ване Марковски се соблече и го покажа мускулестото тело – водителот откри и кој се крие во неговиот кревет
Ова беше посебен ден за нашиот познат водител

Водителот ги израдува своите следбенички
Познатиот македонски водител Ване Марковски повторно ги изненади припадничките на понежниот пол.
Имено, Ване на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е во костим за капење и покажа како ужива во базен.
На фотографијата тој е без маичка и само во жолти шорцеви, а на овој необичен начин сите ги извести дека му е роденден.
Фото: Инстаграм/ Ване Маркоски
„36- само бројка? Да“, напиша Ване под фотографијата на која го покажа своето мускулесто тело и со која ги освои срцата на голем број припаднички на понежниот пол меѓу неговите фанови.
Фото: Инстаграм/ Ване Маркоски
Следуваа бројни честитки од неговите пријатели и фанови, а Ване во меѓувреме покажа и со кого се буди секое утро во креветот.
Фото: Инстаграм/ Ване Маркоски
Имено, водителот го покажа и своето милениче кое му прави друштво и со кое обожава да го минува своето слободното време.