Реклама
Вирално

Вакцина од времето на Тито и СФРЈ го уништува коронавирусот? Оваа докторка откри се што треба да знаеме за Ковид-19

Реклама

Бе-се-же вакцината во Македонија е задолжителна уште од времето на Тито и Југославија, па ако произлезе дека се во право оние кои се обидуваат со неа да се борат против корона вирусот, тоа може да е добра вест и за нас.

Повеќе од 30 центри ширум светот во моментов работат на пронаоѓање на вакцината против вирусот САРС-СОВ2, а единственото нешто што засега е познато е тоа дека вирусот има поприлично фиксна структура. До таков заклучок дошле заеднички научници од САД и Кина.

Маркетинг

Ова значи дека генетиката на овој вирус не се менува како на пример кај сезонскиот грип и дека вакцината против вирусот корона, како и онаа против морбилите, може да обезбеди заштита за подолг период.

Ако произлезе дека се во право тимовите кои се обидуваат со бе-се-же вакцина да се борат против новиот вирус, тоа може да помогне и во Македонија, каде што оваа вакцина е задолжителна уште од времето на Тито.

Маркетинг

Но тоа сега за сега никој не може да го потврди.

И бидејќи вирусот САРС-СОВ2, и покрај тримесечните напори на научниците ширум светот, сè уште е „непрочитана книга“, примариусот д-р Татјана Радосавjeвиќ, пулмонолог, вели дека сега најдоброто што може да се направи против новата зараза е социјалното раздвојување.

На прашањето од каде се црпи тој минимален оптимизам за популарната бе-се-же вакцина, која првенствено е користена против туберкулоза, дека истата вакцина може да помогне и во овој случај, Радосавјевиќ, вели:

„Оваа вакцина се користи и против рак на мочниот меур. Знаеме дека реакциите на туберкулозата, и на рак на мочниот меур и вирусот се многу слични. Ова дава надеж дека вакцината, чија употреба против Ковид-19 експериментално започна во Австралија, може да помогне.

Непознат непријател

Три и пол месеци по епидемијата објавена во Кина, многу останува непознато за овој вирус.

„Ние се бориме на глобално ниво со целосно непознат непријател. Не знаеме зошто некои луѓе кои биле во директен контакт со пациенти со Ковид 19 не се заразиле, но и зошто други развиваат толку тешка форма на болест што предизвикува да им откажат белите дробови. Не знаеме ни колку долго може да трае болеста, а камоли што ќе се случи, односно дали кога ќе помине пандемија, Ковид 19 ќе стане сезонска болест.“

Фото: Јутјуб. принтскрин/ Ново утро

Таа исто така објасни зошто новиот корона вирус е толку агресивен кон белите дробови:

„Не е единствениот вирус што го ‘сака’ ткивото на белите дробови. И H1N1, што предизвика пандемија во 2009 година, многу често предизвикува акутна слабост на белите дробови. Се врзува за благородно ткиво на белите дробови, на алвеолите, создава воспаление кое напредува брзо и зафаќа голема површина на белите дробови. Поради ова, постои недостаток на кислород во белите дробови, како и во другите органи, а овие пациенти се ставаат на респиратор поради синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS)“.

На прашањето дали може да се превенира пневмонијата предизвикана од Ковид 19 таа вели:

„Не, кај акутниот респираторен дистрес симптом преживувањето во најдобрите центри во светот е 50 проценти. Така беше и досега, но сега дополнителен проблем е што имаме пандемија, а тоа менува сè, особено притисокот врз здравствените системи.“

Кога е моментот кога пациентите што се на домашно лекување треба да побараат медицинска помош

Во однос на тоа кога е моментот кога пациент кој е позитивен на корона, и кој е на домашно лекување, треба да побара медицинска помош во случај на влошена состојба, оваа докторка вели дека најдобар параметар е брзото дишење и неможноста за дишење. Човекот нормално вдишува од 12 до 16 пати во минута, а кога белите дробови ќе почнат да пропаѓаат, првиот знак е брзото дишење. Тоа може секој едноставно да го пресмета. Секој што има од 25-30 вдишувања во минута, треба веднаш да оди во болница

Кај оваа болест, единственото правило е дека не постојат правила. Постојат апсурди, како што е село во близина на Ломбардија, жариштето на епидемијата, каде ниту еден жител не се заразил со оваа болест и сега се поставува прашањето дали тие само биле добро заштитени, или можеби имаат некои антитела на овој вирус. Од оваа болест се разболуваат и ја губат битката, за жал, и младите, кои се во многу подобра здравствена состојба. Единствено што може да се каже со голема сигурност е дека зависи од имунитетот колку долго ќе трае болеста, така што сега треба да внесувате повеќе витамин Ц, цинк, месо, производи пчела.

Примариусот д-р Татјана Радосавjeевиќ работеше во Одделот за интензивна нега на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза десет години, а потоа и како лекар на Катедрата за научни истражувања на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија. Таа е еден од основачите на Медицинската комора на Србија, чија директорка беше од 2007 до 2014 година. Таа беше наградена за својата истражувачка работа на Светската конференција за рак на белите дробови во 1998 година во Даблин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button