Ваков луксуз не можат да си го дозволат ни повеќето холивудски фаци – Брена за ова не жали пари!
Пејачката знае како да го живее животот
Ваков луксуз ретко кој може да си го дозволи
Балканската фолк-дива Лепа Брена ужива во животот на висока нога заедно со својот партнер Бобан Живојиновиќ.
Тие се едни од ретките парови на овие простори што можат да си дозволат луксуз за каков сонуваат и некои од холивудските ѕвезди.
А дека тоа навистина е така може да видиме и од нивната јахта што ја поседуваат веќе некое време и со која патуваат низ светот. Станува збор за јахта кој вреди неколку милиони евра, а во која познатиот пар често ги кани своите пријатели и колеги заедно да пловат и уживаат.
Инстаграм/ Лепа Брена
Па така во една пригода на јахтата беше и пријателката на Брена Мирјана Антоновиќ која нaправи и фотки од овој луксуз.
Од овие фотографии можеме да видиме дека јахтата има шест спални соби од кои едната има дури и свој посебен тоалет, но секако дека не треба да ја заборавиме и големата дневна соба со маса од мермер, детали во боја на злато и огромен телевизор.
Фото: Фејсбук/ Мирослава Појужина
Како што своевремено пишуваа медиумите, Брена и Боба за ова свое „бротче“ издвоиле околу 6.000.000 евра, а сега можеби чини и многу повеќе. Познатиот пар со оваа своја јахта најчесто плови по Јадранското крајбрежје, но и на некои од најпознатите дестинации, а како изгледа нејзината внатрешност, погледнете во продолжение…