Вакво фустанче само Гавазова може да носи – пејачката заблеска, но кога „замеша“ сите останаа без здив
Избра мало, светкаво фустанче, па со ова свое издание гледачите не ги остави рамнодушни.
Пејачката Сузана Гавазова деновиве имаше снимање на една емисија во која се појави во издание што на сите им се допадна.
Нашата фолк-ѕвезда за оваа специјална прилика избра сино, металик фустан со максимално кусо здолниште, па многумина го пофалија ова нејзино смело и неодоливо модно издание.
Пејачката како и секогаш, беше насмеана и видно расположена, а понесена од музиката не изостана и нејзиното танцување.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од снимките што ги објави повеќе од сигурни сме дека снимањето поминало во одлична атмосфера, а како сето тоа изгледаше и како популарната пејачка блескаше пред камерите и покрај своите ценети колеги, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Ова секако дека не е прв пат гледачите да се воодушевени од оваа наша позната дама и од нејзиниот имиџ, а посебно се зборуваше за нејзиното издание од неодамна – кога со колегата Благоја Грујовски, Гавазова се појави во винтиџ фустан на снимање на еден нивен спот.
Како Благоја и Гавазова изгледаа и во ова необично издание, качени на пајтон, а со кое привлекоа внимание, погледнете тука.