Вакво нешто НЕМАМЕ видено досега – нов необичен тренд инспириран од класичните фармерки
Уште еден модел на фармерки што ги воодушевија сите
По шокантните фармерки кои беа сочинети само од рабовите се појави уште еден модел но со многу поинтересен крој што воодушеви многумина. Во прашање се кратки тексас шорцови од брендот „CIE“ кои се свртени наопаку и важат за еден од најголемите трендови за ова лето.
https://www.instagram.com/p/BkWCNzjlZa1/?utm_source=ig_embed
Брендот „CIE“ веќе некое време се поигрува со фармерките – сите се правени рачно од „винтиџ“ модели, а од останатите се разликуваат и по тоа што класината лента за ремен им е сместена на крајот од ногавиците. Тие најавија дека го заштитиле својот патент и ги предупредија останатите брендови кои би можеле да го копираат нивниот концепт. Во моментот најбарани се нивните кратки панталони во кои сигурно секој ќе ве забележи.
https://www.instagram.com/p/BkThby5lZQg/?utm_source=ig_embed
Секој модел е единствен, па затоа и се со солени цени – само за кратките панталони кои во моментот се хит во целиот свет треба да издвоите преку 20.000 денари.
https://www.instagram.com/p/Bj-y1FQlFZ3/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjN2SgoFd9D/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BisFfO5lNEj/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bi2D6WClQSr/?utm_source=ig_embed