Ваква торта не сте виделе – погледнете ја и венчаницата од 20000 евра! Раскошната свадба го шокиpaше целиот Балкан (фото)
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ се заколнаа на вечна љубов и направија свадба за паметење.
Но она што најмногу привлече внимание е огромната торта која Кача и Марко одвај успеаја да ја пресечат на прославата.
Имено, тие на гламурозната церемонија имаа торта од десет катови и од преку 100 килограми со која ги изненадија сите.
Тортата беше украсена со цветови од бели ружи, а за да ја пресечат на младенците мораше да им помогне персоналот.
Но и покрај тоа што не се снајдоа со тортата, пејачката и фудбалерот не ги тргаа насмевките од лицето, а потоа следуваше и огромен огномет што гостите можеа да го гледаат од големиот балкон на хотелот.
Како што пренесуваат медиумите, гостите на гламурозната свадба биле послужувани со најскапите пијалаци, а венчаницата со која невестата го изговори своето судбинско „ДА“ платила 20.000 евра.
Во прашање е венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, а покрај овој раскошен модел, таа носеше уште две поопуштени венчаници од босанскиот дизајнер Хусо Чорбиќ со кои исто така никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ
Фото: Инстаграм/ Катарина Грујиќ