Реклама
Вести

Ваква судбина можат да издржат само најсилните: Починал братот на познатиот пејач, а тој морал да пее цела ноќ

Реклама

Пејачот Џенан Лончаревиќ многу ретко зборува за својот приватен живот, но сепак после долго време тој реши да ја отвори својата душа и за медиумите раскажа тешка семејна трагедија после која, како што вели тој, ништо во животот не било исто.

Посебно не, кога морал со длабока болка во душата да пее и да ја сокрие од јавноста огромната тага по семејната трагедија која го одбележала неговиот живот.

Тоа било најтешкиот период во неговиот живот кога во кобната 2008 година го загубил својот брат.

Маркетинг

Фото: Фејсбук профил

Маркетинг

Џенан иако бил скршен, морал да пее и во моментите на најголема болка, а тој настап никогаш нема да го заборави.

– Ќе ви кажам еден детал што некои погрешно го протолкуваа, но само јас знам колку морав да се надминам во тој момент. Една новогодишна ноќ морав да излезам на сцената навидум среќен, насмеан и одлично расположен – вели Џенан, па продолжи:

– Морав да пеам цела ноќ и да создадам одлична атмосфера. Неполни дваесет дена пред тоа го изгубив сопствениот брат, но не можев да го откажам настапот и не сакав да ги изневерам луѓето кои очекуваа одлична новогодишна ноќ. Велат дека било феноменално, но никој не знаеше дека огромната, неподнослива болка морам да ја прикријам со насмевка – раскажа пејачот и на крајот додаде:

 

– Ретко зборувам за тоа, ретко се сеќавам на таа ноќ, но знам дека после неа многу работи веќе не беа исти – изјави во една прилика Џенан Лончаревиќ.

Инаку, Џенан му ја посветил песната „Страх ме да те сањам“ на својот починат брат, која се наоѓала на неговиот албум од 2009 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dženan Lončarević (@dzenan)

 

Инаку, Лончаревиќ, е во брак со жена која ја запознал пред да стане популарен, а со која има две деца.

Џенан во една прилика истакна дека имал многу среќно детство во Пријепоље, каде што е роден и дека освен музиката, ја сака и физиката и одбојката. Тоа се речиси единствените детали од приватниот живот на пејачот кои тој ги сподели со медиумите пред да ја раскаже тегобната семејна трагедија.

На прашањето зошто никогаш не зборува за својот приватен живот, Џенан во една прилика изјави:

– Бидејќи е приватно, луѓето треба да се интересираат за мојата музика и така треба да остане.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button