Реклама
Наши ѕвезди

Ваква не сме ја виделе – македонската водителка и без грам шминка е ВИСТИНСКА УБАВИЦА, но погледнете ја со новата фризура!

Реклама

Македонската водителка покажа како изгледа без грам шминка, а и се пофали со промената на фризурата што ја направила.

Елена Стојановска е долги години дел од телевизиска сцена во Македонија, а својата кариера ја започна уште многу млада.

Маркетинг

Досега ја гледавме како дел од разни проекти во повеќе телевизија, а сега е дел од утринската програма на Сител телевизија.

Елена плени со својата убавина, шарм, одмереност и дамско однесување.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Секогаш средена од глава до пети, Елена особено внимава на физичкиот изглед.

Водителката никогаш не можете да ја видите во лошо издание, а она што го работи изгледа како да го прави со леснотија.

Маркетинг

Она што ја прави посебна е секако негувањето на правилниот литературен изговор и добрата дикција. Денес е навистина реткост да се чуе тоа.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.

Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.

„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас.

Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Водителката често знае да сподели и емотивни фотографии и статуси посветени на нејзиниот сопруг.

Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен.

Елена и Огнен стапија во брак во 2010 година.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Познатата водителка и на социјалните мрежи не крие колку е вљубена во својот партнер, а во една пригода објави негова фотографија на својот профил на Инстаграм и го пофали дека е „убав како турски глумец“.

„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глумец“ – му поласка шармантната водителка тогаш на својот сопруг на шега.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Плод на нивната љубов е ќерката Илина, со која водителката се труди да има другарски однос.

„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос. Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена за Гламур.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Елена е некој кој се труди да го задржи дамскиот стил и не е љубител на експериментите и драстичните трансформации на изгледот.

На својот Инстаграм сподели фотографија на која позира целосно без шминка.

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Водителката може да се пофали со совршен тен и кожа, на кои ќе позавидат и помладите.

Таа се пофали и дека направила мала промена на косата, односно дека ја ишишала само 1 сантиметар.

Како ви се допаѓа?

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

Фото: Инстаграм / Елена Стојановска

 

 

Поврзано

Back to top button