Вака не уживаат ни кралиците – еве како изгледа хотелот за кој БАЛКАНСКАТА ДИВА потроши цело богатство (фото)
Е ова е вистински рај
Наследничката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ужива за сите пари на едно од најубавите места на светот.
Ника е на одмор со нејзината позната мајка и сестрата Атина, па додека тие двете се фотографираат, таа максимално ужива.
Тие пред неколку дена заминаа во Дубаи каде Карлеуша секако избра да престојува во еден од најлуксузните хотели.
Познатата мама даде се од себе да им го направи незаборавен одморот на своите наследнички, но и на фановите со фотографиите што ги објави на профилот на социјалните мрежи. Но за нејзините фотографии на кои позираше оскудно облечена во некоја друга прилика…
Што се однесува до нејзините принцези, Карлеуша навистина се обиде да им приреди одмор од соништата.
Постелнината што Атина и Ника ја имаат во собата е персонализирана со нивните имиња, додека крпите се аранжирани во облик на животни.
Погледот од балконот на хотелската го одзема здивот, а од фотографиите што Карлеуша ги објави можеме да видиме дека Ника ужива најмногу.
Таа уживаше како вистинска принцеза, а нејзината насмевка ја забележа мама, која пак е пресреќна што на своите наследнички им приреди незаборавно летување во овој дел од годината.
Не штеди за уживање
Инаку Карлеуша замина за Дубаи да се одмори од подготовките за новиот албум кој нејзините фанови со нетрпение го чекаат.
Како што може да се види од нејзиниот Инстаграм профил пејачката ужива во хотел со пет ѕвездички.
Карлеуша има и баде мантил со нејзините иницијали, а тука е и млеко од кокос, шампањско, јагоди во чоколадо и стаклен базен на кој пејачката позираше во неверојатно пpoвoкативно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Како што пишуваат медиумите, за седум дена во овој луксузен хотел Карлеуша ќе мора да плати најмалку половина милион денари, а ако на ова сума ги додадеме и таксите и бакшишот, како и (не)планираниот буџет за шопинг, ќе дојдеме до фрапантна цифра од која на многумина ќе им се сврти во главата, а која што познатата пејачка ќе ја потроши за само неколку дена хедонизам во нејзиниот живот.
Хотелот во кој што престојува таа важи за еден од најелитните во Дубаи, па во него пејачката ужива како кралица.
Хотелот има своја приватна плажа на која што Карлеуша уживаше со своите наследнички, потоа неверојатен поглед и модерно уредени соби со најнова технологија, а посебно се фалат рестораните во кои се служи најразнолика храна како и феноменален спа центар.
Како изгледа овој хотел, погледнете од фотографиите што следуваат…
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah
Фото: Инстаграм/ FIVE Palm Jumeirah