Реклама
Home Sweet HomeНаши ѕвезди

Вака изгледа куќата на Маја и Дарко Панчеви – во дворот огромен базен, пејачката ужива во вечерно бањање

Еве каде живее познатиот пар со своите ќерки

Реклама

Пејачката и нејзината ќерка покажаа како уживаат во нивната луксузна куќа и е разладуваат од ова неверојатно жешко време.

Пејачката Маја Гроздановска-Панчева (51) и нејзината ќерка Надица (23) често можеме да ги видиме заедно на социјалните мрежи.

Покрај Надица, Маја ја има и помалата ќерка Марија (18), но ниту таа ниту пак Дарко Панчев ги нема на овие фотографии.

Маркетинг

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Тие сите заедно уживаат во семејната куќа, а сега пејачката сподели неколку кадри направени во дворот и покажа како ужива.

Маркетинг

На овие снимки е и Надица, која исто така сподели неколку заеднички фотки со својата мајка на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Тие покажаа како уживаат во заедничката дружба, но и дека најмногу сакаат да го минуваат времето во базенот.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Тие на овој начин се разладуваа дури и во вечерните часови, покажувајќи дел од својата приватност и како изгледа нивниот двор.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Маја и Надица никогаш не се фалеле со раскошот во кој што живеат, но секогаш воделе сметка нивниот дом да блеска.

Впрочем тоа може да се види и од овие објави со кои покажаа како ги минуваат летните денови во заеднички дружби, но и дека во овој период од годината уживаат на ова место заедно со пријателите.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Што се однесува до наследничките на Маја и Дарко, тие отсекогаш истакнувале дека најважно им е да ги спознаат вистинските вредности. И оние што го познаваат семејството, велат дека Надица и Марија се скромни девојки, добро воспитани, а малкумина знаат дека и двете ги носат имињата по нивните баби – Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Марија, која оваа година беше матурантка се занимава и со манекенство, а гордата мама неодамна објави и неколку нејзини фотки.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Потсетуваме, Маја која последните години повторно е активна во поп-музиката десетина години работи и во хорот на Операта.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Маја и Дарко оваа година слават сребрен јубилеј – 25 години откако се заедно, и важат за еден од најхармоничните парови кај нас.

Инстаграм/ Маја Гроздановска- Панчева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button