Лила беше излезена заедно со својот син и лудо се забавуваше до зори.
Лила Филповска е една од најуспешните жени во ТВ етерот, која долги години опстојува на врвот на естрадата.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Освен на малите екрани, Лила е активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат над 200 илјади следбеници.
Од многу млада започна со работа на телевизија, а денес буквално нема некој кој не ја познава.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Лила е симбол за храбра и борбена жена, самохрана мајка, која со многу работа и труд, успеала да постигне големи успеси.
На својот син Филип секогаш се трудела да му обезбеди најубави услови за живот.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
И самата таа важи за голем хедонист, обожава да си угодува себеси со патувања, сака да е во добро друштво и секогаш е дел од најдобрите забави во земјава и пошироко.
Најголема поддршка во сѐ што прави е Филип, кој ѝ е всушност и најдобриот пријател во животот.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Каде и да оди, па дури и на вечерните забави, Филип оди со неа.
Тие двајца присуствуваа на лудата роденденска забава на албанската пејачка Биг Мама, која ѝ е добра пријателка и на Лила.
Водителката објави фотографии и видеа на Инстаграм и покажа како мајка и син умеат да се забавуваат до доцните ноќни часови.