Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), реши да прескокне некои кралски обичаи и не позираше со бебето непосредно по пораѓањето како што тоа го направи Кејт и омилената британска принцеза принцеза Дијана.
Принцот Хари и Меган Маркл мината средата го претставија својот син пред новинарите, кој се роди два дена претходно. Тие му го дадоа името Арчи Харисон Моунтбатен-Виндзор, а поранешната актерка прескокна некои кралски обичаи и не позираше со бебето веднаш откако се породи.
Новопечениот татко принцот Хари е втор син на принцот Чарлс и Дијана. Роден е на 15.9 1984 во Лондон.
Принцезата Дијана беше првата дама од потесното кралско семејство која инсистираше да се породи во болница, а не во кралска плата. Принцот Вилијам го роди во приватна клиника Сент Мери каде што се породи и Кејт Мидлтон. По породувањето од Чарлс доби огрлица со дијаманти и бисери со големо срце во средината. Исто така доби и скапоцен приврзок со голема буква „W“ за нараквица и зелено Мини во кое имаше место и за кралското бебе.
Принцезата Дијана и принцот Чарлс со Вилијам
„Фала му на Бога што нема уши како својот тако“ – кажа кралицата Елизабета кога прв пат го виде својот внук Вилијам.
Принцезата Дијана и принцот Чарлс со Хари
Постариот брат на Хари се роди на 21 јули 1982 година
Принцот Вилијам и Кејт имаат три деца, принцот Џорџ (5), принцезата Шарлот (3) и принцот Луис (1).
Џорџ е роден на 22 јули 2013 година, а Вилијам постојано беше со неговата сопруга.
Кога кралицата Елизабета II требаше да го роди таткото на Хари и Вилијам, принцот Чарлс (70), неговиот татко играше сквош. потоа пливаше во базенот.
Беше многу нервозен и нестрплив додека ја чекаше кралицата Елизабета II да го роди нивниот син. Кралицата Елизабета II се породи во белгискиот апартман во Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета со принцот Чарлс
Принцот Филип откако се роди бебето се појави кај својата кралица со букет ружи и шише шампањ.