Вирално

Вака денес изгледа момчето кое ја спаси својата сестра од бесно куче: „Ако некој требаше да умре, тоа бев јас!“ (ФОТО)

Advertisement

Кога слушнале за неговиот храбар чин, лекарите од една болница решиле на момчето да му дадат бесплатно лекување и неговото лице со помош на ласерски третман полека почнало да го враќа стариот сјај.

Херој во тело на шестгодишно дете. Неговото херојско дело го обиколи светот

Advertisement

Шестгодишниот Бриџер Вокер го воодушеви целиот свет со својот херојски чин, кога заработил 90 конци откако бил каснат од куче додека ја штител својата помала сестра.

Лузните на Бриџер почнаа да бледнеат благодарение на успешниот медицински третман на кој беше подложен по нападот.

Мајката на момчето објави серија фотографии на својот Инстаграм профил на кои се прикажани резултатите, а Бриџер изгледа посреќно од било кога.

Advertisement

„Бриџер е голема инспирација во овие тешки времиња.

Неговата храброст го заслужува секое признание“, изјави д-р Банусали за Daily Mail.

„Чест ми е што сум дел од медицинскиот тим кој помага во неговото закрепнување“, додаде таа.

Откако неговата сестра била нападната од куче, Бриџер ни секунда не се двоумел и веднаш го заштитил девојчето и се справил со бесното куче кое тешко го повредило.

На прашањето зошто го направи тоа, тој рече:

Мислев дека ако некој мора да умре, тоа треба да бидам јас“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button