Вака денеска изгледа Марија од „Жикина династија“: Засекогаш си замина од Србија

Летото е период кога на телевизиите во Македонија редовно се репризираат сите делови од култната хумористична серија „Жикина династија“ , за авантурите на двајцата сватови Жика и Милан. Уште еден од ликовите кои ќе останат запаметени е оној на Марија и секако нејзиното момче Боба.

Риалда Кадриќ, беше миленичка на нацијата откако ја одигра Марија во серијата „Жикина династрија“. Актерката во една прилика откри зошто не се врати од Лондон.
Риалда ја сподели потресната исповед дека во текот на војната која на почетокот на 90-тите ја погоди Југославија, ненадејно починала нејзината мајка.

– Бев бо Лондон на усовршување на јазикот. На тој 16. јануари 1991 година, кога почна војната во Заливот, мојата мајка ненедејно почина на улица во Белград. Седев во станот во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната, кога ме затекна таа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин како да се вратам дома. Бев многу врзана за својата мајка, а бидејќи неа ја немаше повеќе, а војната во Југославија се ширеше, решив да останам во Лондон и таму да почнам некој нов живот, рече Риалда, која ниту после сите овие години не ја преболела загубата на мајката.
Риалда раскажа дека ликот на Марија првпат го играла кога имала само 13 години и наведе дека првиот бакнеж во животот го имала токму во ова легендарно филмско остварување.

– Првпат во животот се бакнав пред филмските камери. И секако дека јас тука глумев зрелост, зошто сакав на покажам дека јас се знам. Ве советувам, пробајте но без филмски камери, рече низ насмевска Риалда и додаде:
– Тоа што јас можеби изгледав позрело, или што некои дете и денеска може да делува позрело, или интелектуално, на зачи дека емотивно тоа може и да го следи, наведе таа.

Риалда Кадриќ ја остави глумата и започна новинарска кариера. Во својата богата новинарска кариера, работeше и во Гласот на Америка во Вашингтон, САД. Моментално живее и работи во Лондон со семејството.




