Вирално

Вака брутално треба и кај нас – Погледнете што им прави полицијата во Естонија на несовесните возачи што возат пребрзо

Advertisement

Естонската сообраќајна полиција се надева дека ќе го намали бројот на возачите што возат пребрзо така што ќе им делат картички за донирање органи.

Advertisement

Естонија има богата мрежа на камери за мерење на брзини на своите патишта па според статистиката е на самиот врв во Европа според пребрзо возење. Годишно поради тоа се казнуваат околу 12 до 15 отсто од сите возачи.

„Не очекуваме дека оваа кампања ќе го зголеми бројот на донирани органи, но секако се надеваме дека возачите ќе ги натера да размислат и да ја тргнат ногата од папучата за гас“, вели Андрес Синимери, шефот на сообраќајната полиција од естонскиот град Парнуа.

„Доаѓа зимото и патиштата стануваат лизгави, па во такви услови брзината убива“, вели тој. Од друга страна и возачите се убедени дека со оваа кампања барем некои од нив ќе станат посвесни во што се впуштаат поради нивното пребрзо возење. „Тоа е добра идеја“, признава Имре Аја кој само еден момент претходно беше уловен како ја пречекорува дозволената брзина со својот автомобил.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button