Реклама
Вирално

Важно соопштение од Владата: Нови мерки за движење на граѓаните

Реклама

Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот.

vladaИзмените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги усвои откако Уставниот суд вчера на седница го укина посебниот режим  на движење  за овие две возразни категории.

Владата на вчерашната седница донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот, со тоа што се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка и овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.

Маркетинг

Инаку во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.

Маркетинг

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, стои во соопштението.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button