Реклама
Нега и здравје

Важно предупредување, еве како вие и децата да се заштитите од корона вирусот

Реклама

Откако беше објавена веста дека во Италија е потврден случај на зараза со корона вирус кај 4-годишно девојче, се поставува прашањето како да ги заштитиме децата од овој опасен жирус.

  • Хигиената на рацете е најважна и прва одбрана од вирусот. Ни случајно не ги допирајте лицето, очите и устата со раце, посебно ако претходно не сте ги измиле.
  • Секогаш со себе носете средство за дезинфекција на раце и користете го почесто кога сте надвор
  • Мијте ги рацете што е можно почесто

  • Внимавајте што помалку да чепкате предмети на јавни места
  • Не ја делете храната со никого
  • Одбегнувајте ракување и бакнување ако сте во подрачје каде што циркулира вирусот
  • Редовно дезинфицирајте ги не само рацете, туку и површините кои ги користите

Маркетинг

Како да ги заштитите децата од корона вирусот?

Можете значително да го намалите ризикот од зараза ако ги преземете следните чекори:

Маркетинг
  • Објаснете им како се шират вирусите и научете ги на основите за лична хигиена
  • Држете ги сите површини во куќата чисти и дезинфицирани, посебно кујната, тоалетот и кваките
  • Секогаш само еднаш користете ги крпите со кои бришете за евентуално да не го ширите вирусот
  • Секој нека користи свој прибор за лична хигиена како пешкири, четкичка за заби и слично
  • Куќата секогаш нека биде проветрена и да влегува сонце

Поврзано

Back to top button