Реклама
Вирално

Важни совети за сите оние што во домашни услови ќе се лечат од коронавирус – специјалист пулмолог ни кажува што да правиме

Реклама

Овој текст мора да го прочитате

Специјалистот пулмолог др. Срџан Лукиќ преку својот Твитер сподели повеќе од корисни совети кои веднаш станаа вирални.

Маркетинг

Во прашање се совети за лекување на лица кои се заразени од вирусот корона КОВИД -19 и кои се испратени да се лекуваат дома бидејќи имаат благи симптоми.

Тој сподели неколку совети како сами да си помогнете во домашна изолација и да го поттикнете организмот што полесно да се избори со вирусот.

Маркетинг

Ова се неговите совети:

Власта го работи својот дел од работата, епидемиолози и микробиолозите својот, па и ние клиничарите полека се вклучуваме. Помал број од КОВИД 19 (официјалното има на болеста што ја предизвикува вирусот САРС-КоВ-2) ќе се лечи во болнички услови додека повеќето ќе се лечат дома.

Ова е текст за нив.

Медиумите и јавноста во главно се занимаваат со најтешките случаи, што е разбирливо (грижа дали има доволно болнички капацитети, респиратори и сл…), но повеќето заболени ќе останат да се лечат во домашни услови. Покрај епидемиолошките мерки (карантин) битно е и самото лечење на инфекцијата.

Како и за секоја вирусна инфекција и за лечење на КОВИД -19 најважен е имуниот систем. Затоа најважно е да му ја оставите сета сила на располагање. Апсолутно мирување е најважно, а покрај тоа и адекватна исхрана. Диетите оставете ги за некое друго време и заборавете на „здравата исхрана“.

Организмот за да функционира потребна му е енергија односно јаглехидрати на прво место, а потоа и масти. Не треба да заборавиме и на протеините, но важно е да не ја избегнувате „храната што дебелее“. Бидејќи токму таа го одржува вашиот имун систем и целиот организам.

Потребно е исто така да внесувате доволно течности бидејќи при инфекции организмот лесно дехидрира. Чаеви, супи, чорби, сокови, било што. Но не и алкохол, бидејќи алкохолот ја влошува дехидрацијата. Секако, оние што имаат хронични болести на срцето и бубрежните болни мораат внесувањето да го прилагодат на своите хронични болести.

Повисоката телесна температура е одбранбен механизам кој имуниот систем го користи за борба против вирусот. И затоа е грешка да ја симнувате температурата ако ви е само благо зголемена бидејќи така му помагате на вирусот. Температурата се спушта дури откако значајно ќе порасне бидејќи тогаш го загрозува функционирањето на организмот.

Што се однесува до лековите, за сега нема докажани лекови кои помагаат кај КОВИД-19. Некои лекови покажаа ин витро (надвор од организмот) ефикасност против САРС-КоВ2, но тоа не значи дека ќе делува и ин виво. Ако добиете антибиотик од докторот тоа е заради превенција од бактериска суперинфекција.

Што се однесува пак до разноразни суплементи, витамини и слично, сето тоа најверојатно веќе во доволни количини го внесувате со храната, така што разноразните имуно комплекси нема многу да помогнат (освен ако заради некои причини немате дефицит на некој елемент), но нема ни да ви одмогнат (освен што ќе ве удрат по буџетот).

Важно е да ја следите состојбата, и ако е можно телефонски да бидете во контакт со докторот.

Критични знаци и симптоми се појава на отежнато и забрзано дишење, пад на артерискиот притисок, вртоглавица, несвестица, конфузија, појава на цијаноза (кожата и слузокожата добиваат сини нијанси).

Во случај на појава на овие знаци и симптоми потребно е веднаш да се јавите во најблиската болница бидејќи сигурно ќе ви биде потребна терапија со кислород, која не можете да ја спроведете во домашни услови.

Ова не значи дека сигурно ќе завршите на респиратор, но на домашното лекување е крај.

И за крај би додал нешто што, водени од логика, и не би требало да го споменувам, но за жал, од искуство, мора. Тутунскиот (и другиот) чад избегнувајте го потполно. Тој ги оштетува ќелиите на епителот на дишните патишта и алвеолите и така му помага на вирусот, заклучува во своите твитови што ги сподели др. Срџан Лукиќ (@srdjl) и што се хит на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button