Вирално

Важи за најдобриот проект од поранешна Југославија – пред 35 години беше емитувана првата епизода на Надреалистите

Advertisement

Првата епизода од „Топ листа надреалиста“ беше емитувана пред 35 години, а нивните скечови се популарни и денес.

Принтксрин

Иако поминаа 28 години од снимањето на последната епизода, скечовите од серијата и денес се популарнии можете да ги најдете на социјалните мрежи. Серијата денес важи за еден од најдобрите телевизиски проекти во поранешна Југославија, а се прикажуваше од 1984 до 1991 година. Првата телевизиска епизода беше емитувана на 8 јуни 1984 година.

Advertisement

Втората сезона ќе биде снимена дури по четири години, а токму таа ќе допринесе ТЛН да добие култен статус во цела Југославија. Нивните скечови и сатира беа толку гледани што се изедначија со популарноста на Дневник.

Третиот дел е снимен пред почетокот на војната, во 1991 година. Специјалната епизода за Новата 1992 година беше последната која Надреалистите ја снимаа заедно. Кога ќе започне војната во Босна, Неле заминува во Белград, Џуро во Словенија, Зенит остана во Сараево и за време на војната снимаше „Топ листа надреалиста“ која беше популарна во Босна и Херцеговина.

Принтксрин

Двајца од членовите во „Топ листа надреалиста“ повеќе не се живи. Дражен Ричл го изгуби животот во тешка сообраќајна несреќа во 1986 година, а Давор Дујмовиќ во 1999 година ќе си го одземе животот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button