Реклама
Интервју

Бјути Интервју со уредничката на Телевизија Алфа

Реклама

Со ведар дух и насмевка која е секогаш присутна на нејзиното лице ги добива симпатиите на телевизиските гледачи. На сите нам веќе добро позната од телевиските екрани Анастасија Боданоска, уредник на телевизија Алфа за Гламур ги открива нејзините тајни за убавина.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Имам среќа што имам многу добра кожа, никогаш не сум имала проблеми, па дури ниту во пубертетот. Но внимавам на негата, особено на чистењето на лицето и наутро и навечер. „Не си легнувај со шминка“ за мене е правило број 1. Периодов сум зад телевизиските екрани па навистина се радувам што не мора секој ден да користам шминка за на ТВ. Се трудам максимално да го одморам лицето пред повотрно да се вратам на екраните, камената пудра и рефлекторите.  А покрај чистењето на лицето, кремите и пилингот, внесувањето на доволно количество течности и витамини исто така е дел од мојата рутина

Маркетинг

Со какви препарати го негувате лицето?

Одбирам природни препарати. На пример пробајте да го миете лицето со сода бикарбона, ќе се изненадите од ефектот.  Исто така многу ми е важно кремата за лице и тело да е хидратантни и сакам кога убаво мирисаат.

Маркетинг

Кои се твоите омилени козметички производи?

Путер за тело.

Што имате секогаш во вашиот несесер?

Коректор и кармин.

Омилен парфем?

Gucci Rush.

Која е тајната на одличната физичка линија?

Физичката активност. Не верувам во диети и никогаш не сум ги практикувала, но верувам во физичка активност. Но не само за да изгледаш, туку и за да се чувствуваш добро во своја кожа. А тоа не значи дека треба да изгледаш како што наметнува општеството и моменталните трендови.

За мене одлична физичка линија значи дека твоето тело е здраво, силно и во рамки на твојата физичка конструкција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button