Реклама
Наши ѕвезди

Бјелица со години ја прогонуваа овие потресни зборови: „Кога дознав за болеста веднаш се сетив на реченицата на оваа жена!“

Реклама

Исидора Бјелица долги години се бореше со рак на јајниците.

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Таа раскажуваше дека испробала преку 150 алтернативни методи на лечење, како и за тоа дека грешела и дека чудесната вест од 70 метастази дека нема повеќе ниту една што е активна ја добила благодарение на комбинација од хемиотерапија, биолошка и имунотерапија.

„Поголемиот дел од мојот живот е грешка, па природно е да згрешам и околу терапијата“ коментираше тогаш Исидора за интернет магазинот „Блиц Жена“.

Маркетинг

Таа збореше отворено за тешката борба за живот, за борбата со ракот кој не и’ даваше да здивне.

„Имам канцер на јајникот кој се шири како пожар. Денес можам да бидам во ремисија, а за два месеци на смртна постеа. Во борбата со ракот нема правила. Затоа го барав лекот во 12 земји“ – истана Исидора, додавајќи дека бидејќи нема официјален лек сама се обидувала да го пронајде.

Маркетинг

„Четири пати бев на границата помеѓу животот и cмpтта и четири пати се враќав. Видов колку човекот е глуп и малечок“, истакна Исидора.

Писателката ја бараше силата во семејството, читателите, а на крајот сфатила само едно – човекот е сам со тој ужас во себе и не може никаде да се сокрие, освен во понекој сон во кој за момент ќе заборави дека е болен. И не е дозволено да се откажете бидејќи тогаш сте готови.

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Исидора ја памти својата баба која била Евреинка и некое време поминала во концентрационен логор. Подоцна кога се разболела од рак, истакна дека нејзиниот живот со болеста е ист како животот во логор. Се сетила на нејзината реченица кога и самата се разболела.

„Од моментот на дијагнозата животот е логор. Не знаеш кога ќе те однесат на пoгyбувaњe, а секој нов ден е мачење. Немаш поим за што си виновен и зошто те мачат, а повторно веруваш во чудо и се надеваш.“

Исидора во една пригода изјави дека луѓето со таква болест или полудуваат или ќе се просветлат, или ќе одлучат да го напуштат овој свет бидејќи им е доста од сé.

„Велат дека ова не е живот.. сега ги разбирам, ова не е живот за човек! Го молев драгиот Бог да не ме издадат силата и здравиот разум“.

Исидора пишуваше и за време на најтешките терапии и додека била на крајот со силите. Но и многу работи во нејзиниот процес на создавање се променија. Некогаш тоа било прашање за уметност, како и за тиражот, а денес сето тоа е само глупост, игра на оставина.

„Сега мислам дека моето пишување има смисла само ако и помогне барем на една душа. Моите последни книги „Спас 1“, „Спас 2“ и „Сама“ напишани се исклучиво за да ги спречам страдањата на другите“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Уште како мала радо го читала Кјеркегор отколку да игра ластик. Била опседната со барање на одговорот и феноменот „тимор мортис“. Близината на смртта и сите болки ја научиле на скромност во животот.

Да немав вера, веројатно би се откажала уште на првите најстрашни физики маки. Многу ми значат молитвите и зборовите на мојот духовник бидејќи тој е човек со неверојатно смирение, а смирението е сé.

Исидора порача и дека за сите жени кои се соочуваат со дијагноза на канцер најважно е да не паничат и не очајуваат. Тоа само ќе ја влоши состојбата. Ни случајно не треба да се отфрла официјалната медицина, туку истата можат да ја унапредат со алтернативната. И беше важно луѓето да знаат дека единствено ПЕТ/ЦТ скенерот ја прикажува вистинската состојба со малигнитетот, па затоа и се лекуваше во Скопје. Таа исто така велеше дека посебно треба да бегаат од оние кои тврдат дека само тие ќе ги излекуваат.

„Не сме ние шпорет некој да не поправи. Никој не знае што е оваа болест, но докажано е дека радоста и позитивниот став неверојатно ги зголемуваат шансите да се преживее, под услов човекот да сака да преживее. Човек мора да си прости на самиот себеси, а тоа на добрите личности им е најтешко. Бидејќи многумина ракот го карактеризираат како суптилно caмoyбиcтвo“ изјави таа.

Поврзано

Back to top button