Познатата турска актерка Ебру Шахин минатата година се омажи за турскиот кошаркар со потекло од Македонија, Џеди Осман.
Од фотографиите што убавата актерка ги објавува на својот профил на Инстаграм можеме да видиме како младиот пар ужива во брачниот живот, но и интересни моменти од нејзиното секојдневие.
Ебру која важи за една од најдобрите турски актерки од помладата генерација е поприлично позната и на социјалните мрежи, а со нејзината последна објава предизвика големо внимание.
Имено, Ебру објави снимка од теретана облечена во бициклистички и спортско боди со кое никого не остави рамнодушен.
Нејзината снимка веднаш стана вирална и привлече големо внимание кај нејзините бројни фанови.
Инаку, Ебру минатото лето се омажи за турскиот кошаркар кој игра во НБА, а кој по потекло е од Македонија.
Џеди Осман има 27 години и игра за „Кливленд кавалирси“ , а Ебру е една година постара од него.
Таткото на турскиот кошаркар Џеди Осман по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија.
Џеди исто така е роден во Охрид, а игра за НБА и се проценува дека досега заработил преку 50 милиони долари.
Тие минатото лето решија да се заколнат на вечна љубов покрај преубавото Охридско Езеро, а потоа направија и свадба во Турција.
Тогаш на социјалните мрежи и двајцата објавија фотографии од Охрид кои ги преплавија турските медиуми.
Ебру на нашата публика е позната по улогата на Бурџу Селимер во „Истанбулската невеста“. Таа глумеше и во познатата турска серија „Невозможна љубов“ каде го толкуваше ликот на храбрата девојка Рејан Шадоглу која ќе направи сé во животот за оној што го сака.
Повеќе фотографии од нејзината венчавка покрај Охридското Езеро погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин