Бурни реакции на родителите – Сашко Коцев го запали интернетот со коментарот за школскиот распуст
Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17-ти јуни? Зошто? – објави денес на својот профил актерот Сашко Коцев, а неговата објава наиде на голема поддршка од родителите.
Бурни реакции на родителите
Оваа година летниот распуст за учениците започнува на 18 јуни, за разлика од порано кога школската година завршуваше на 10 јуни.
Оваа одлука беше донесена од владата на Македонија минатата година кога Министерството за образование и наука предложи промени во Календарот за организација на учебната 2023/2024 година во основните училишта и јавните средни училишта.
Според оваа одлука, учениците од основното и средното образование оваа година имаа и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај, но затоа учебната година е трае до 17-ти јуни.
Но заради високите температури во овој период од годината и пред се затоа што повеќето училишта не се климатизирани, многу родители овие денови се револтирани и се бунат за своите деца.
Според многумина од нив, пролетниот распуст е непотребен, посебно што заради истиот е скратен зимскиот, но и летниот започнува многу подоцна кога температурите во земјава навистина се многу високи.
Реакција во врска со целата ситуација имаше и од страна на актерот Сашко Коцев која предизвика лавина од коментари.
Имено, Коцев се огласи на својот профил на Фејсбук и јавно ја критикуваше ваквата одлука на владата, не заборавајќи да ги спомене изнемоштените дечиња, а неговиот коментар предизвика голем број лајкувања и лавина од реакции кај неговите фанови.
Принтскрин
Во продолжение и неколку реакции на Твитер во врска со новиот календар за летниот распуст на учениците, но и коментарите што ги предизвика Коцев со објавата што ја сподели на Фејсбук.
Принтскрин
Принтскрин
Принтскрин
Принтскрин
Принтскрин
Извини што се децата криви за велигденскиот распуст и од кај тоа дека се причестувале? Глупост е што имаа распуст во април, ама уште поголема глупост е децата да се обвинуваат за тоа, ниту донесуваат одлуки они за тоа, ниту се прашани.
— Еквилибрија (@ekvilibrija) June 11, 2024
Па, дали се согласувате со одлуката летниот распуст да започнува подоцна или треба да остане како порано?