Реклама
Наши ѕвезди

Бурен викенд за Мики, но овој момент нема никогаш да го заборави – ваков аплауз ретко кој добива

Мики Секуловски се појави на сцената, публиката воодушевена

Реклама

Шармантниот велешанец Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ повторно е на врвот на својата слава.

Овој викенд за него беше навистина бурен, а по настапите низ Македонија се појави и на концертот на својата колешка.

Имено, Андријана Петрушовска со која Мики се натпреваруваше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ го одржа својот прв солистички концерт во Скопје. Мики Секуловски заедно со Александар Јосифовски, охриѓанецот кој исто така една сезона претходно беше дел од шоуто, беа специјални гости на концертот, а детали од истиот погледнете од фотографиите во продолжение…

Маркетинг

Инстаграм

Мики кога се појави на бината беше воодушевен од огромниот аплауз што го доби од публиката, а Андријана призна дека има трема. Нивнниот заеднички настап беше проследен со овации од публиката така што атмосферата беше неверојатна, полна со емоции кои што нашите ѕвезди успеаја да ги пренесат директно во срцата на своите фанови.

Маркетинг

Инстаграм

Македонските Гранд ѕвезди секако дека беа поддржани со громогласен аплауз од публиката која цела вечер пееше заедно со нив.

Инстаграм

Многумина ги извадија своите телефони и ги снимаа овие весели и емотивни моменти, а цело Драчево „ечеше“ од убава македонска песна.

Инстаграм

Потсетуваме, Мики Секуловски уште со своето прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“ никого не остави рамнодушен.

Инстаграм

Тој цело време беше еден од фаворитите, а Марија Шерифовиќ уште по првиот негов настап му порача дек веќе е ѕвезда.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крајот Мики беше воодушевен од освоеното второ место и како што самиот призна по шоуто, не очекувал да стигне до суперфиналето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Не очекував. Бев задоволен и од тоа што дојдов до финалето, но им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене. Презадоволен сум и подготвен за нови проекти“, изјави Секуловски за „Гранд“ по големото финале додавајќи дека Шејла потполно заслужено го освоила првото место бидејќи била една од најдобрите и најшколуваните вокалистки што некогаш се појавиле во ова шоу.

Повеќе детали од концертот на Андријана погледнете тука

Бонус видео

Мики и Омар во Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button