БУКВАЛНО БЛЕСКА: Познатата фолк-пејачка за првпат во јавност по породувањето, никогаш не изгледала олку посреќно и поубаво!
Македонската пејачка се појави во јавност и покажа како изгледа по породувањето.
Татијана Стефановска важи за една од најзгодните пејачки на македонската естрада.
Освен генетиката за тоа се заслужни и напорните тренинзи и максималната посветеност на физичкиот изглед.
За време на карантинските денови пејачката беше претежно дома, па призна дека накачила и некој килограм повеќе.
Татијана е повеќе од 8 години во брак со музичарот Митко Бежаноски, а токму периодот кога бевме во карантин поради пандемијата, им дошол одлично, покрај тоа што имале време да се одморат, тие се зближиле повеќе од било кога.
Татијна за медиумите изјави и дека поради нивните постари родители се труделе да не се гледаат со многу луѓе за да ги заштитат најблиските и себеси од вирусот, и дека слободното време го поминувале дома или на прошетка во природа.
Таа дури и се изненадила колку добро умее да готви.
Иако за многумина изминатиов период беше катастрофален, Татијана и Митко доживеаја огромна среќа.
Тие го добија своето прво чедо.
Татијана ја роди својата ќерка Ана.
„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“, а истата објава беше постирана и на профилот на нејзиниот сопруг.
Извесен период пејачката се повлече од медиумите и целосно се посвети на семејството.
Сепак, после долг период, започнаа со снимања и музичките емисии кои третираат македонска фолк музика, па Татијана одлучи да се врати назад и да продолжи со кариерата.
На својот Инстаграм профил сподели фотографии од снимањето на музичка емисија, каде гостуваше заедно со своите колеги.
Она што може да се забележи од фотографиите е тоа дека пејачката ае вратила во форма по породувањето и изгледа подобро од било кога. Среќата се забележува на нејзиното лице и таа буквално блеска.
Фото: Инстаграм / Татијана Стефановска
Фото: Инстаграм / Татијана Стефановска
Фото: Инстаграм / Татијана Стефановска
Фото: Инстаграм / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска
Фото: Фејсбук / Татијана Стефановска