Будимир објави преубава вест за синот Максим кој има аутизам – гордата мама никогаш не била посреќна
Најубавото и најмилото нешто што ќе го видите денес
Ова беше посебен ден за семејството на Андријана
Поранешната ракометарка Андријана Будимир води голема животна битка заедно со нејзиниот син кој има аутизам.
Но таа сега сподели една преубава вест, проследена со едно преубаво видео кое што ја покажува нејзината љубов кон својот наследник.
Имено, нејзиниот син Максим деновиве го прослави 10-от роденден, а мама по тој повод објави видео на својот профил на Инстаграм направено од колаж со фотографии на кои тие се заедно и уживаат во нивните заеднички моменти.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Потсетуваме, Андријана заплови во брачните води во 2013 година, а следната година во март го роди Максим.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Таа има свое школо за ракомет и е тренер на машката екипа со што влезе во историјата како прва жена што тренира мажи.
Но Андријана покрај тоа што е борец на терените, таа е борец и во приватниот живот, а овие битки ги добива со својот син.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Таа како и сите останати родители кои имаат деца со аутизам, секојдневно се бори да му го олесни животот на својот наследник.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Таа денес отворено зборува за аутизмот и ја користи секоја можност за подигање на свеста кај луѓето за оваа болест, а секоја нејзина исповест како мајка на дете со аутизам може да помогне на многу родители кои се соочуваат со истиот проблем во нашето општество.
Во една пригода таа ќе изјави:
„Мислам дека со физичка активност ќе му се помогне да почне да зборува, се повеќе да се инволвира. Родителите се тие кои се повеќе треба да се едуцираат, па после да пренесуваат на своите деца дека тие деца не треба да се одбегнуваат“, зборуваше искрено Будимир во една пригода за проблемите со кои се соочуваат напите родители на деца со аутизам.
Повеќе за ова прочитајте тука >>