Брутално издание на нашата позната Пинк ѕвездичка за нејзиниот 18 РОДЕНДЕН – тесниот фустан никого не остави рамнодушен!
На пејачката под тесниот фустан и се познаваше секоја црта и во ова издание изгледаше како вистинска сирена.
Младата македонска музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ за својот 18 роденден позираше во феноменално издание на социјалните мрежи. Таа со новите провокативни фотографии покажа зошто важи за една од најпосакуваните пејачки во нашата земја од помладата генерација, повторно оставајќи ги без здив своите бројни обожаватели на Инстаграм.
Имено, Мартија позираше занесно во тесниот фустан во индиго боја со кој максимално го истакна своето тело.
Младата пејачка во ова издание мамеше воздишки, а нејзините следбеници се согласни дека изгледа брутално.
Пејачката тесниот фустан со долги ракави кој ја следи линијата на нејзиното феноменално тело го комбинираше со металик сандали со тенки високи потпетици и големи обетки со циркони, а целото издание го заокружи со впечатлива шминка и нејзината убава долга коса.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
„Блескаш“, „Кралица“, „Мартија, изгледаш атрактивно“, беа само некои од коментарите што ги доби на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Инаку, Мартија со пеење се занимава уште од најмали нозе. На свои 11 години беше една од трите кандидатки од Македонија во Пинк ѕвездички, и до самиот крај важеше за фаворит за освојување на првото место.
Секој нејзин настап завршуваше со овации од публиката и жирито, кои уште тогаш и предвидуваа блескава кариера.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Погледнете уште едно тренди издание на Мартија …
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ