Бруталните последици од топлотниот бран – поради овие шокантни фотографии два пати ќе размислите пред да излезете од дома
Низ Европа помина топлински бран.
Високите температури не нé скокнаа и нас, а сигурни сме дека сте ги прочитале вестите дека и останатите земји беа под извонредно високи температури. Па така некои заборавија дека на силното сонце не смеат да излезат без дебел слој на креми за сончање, па дури и ако мислат дека директно на сонце нема да бидат изложени доволно долго. Но потоа на Инстаграм објавија фотографии со кои се „пофалија“ со својата црвена кожа, болки и тешки изгореници од сонцето.
Некои од нив тврдат дека користеле креми, но на сонце останале предолго. И покрај тоа што сме 2019 година, очигледно некои луѓе се уште не сфаќаат колку е важно да се користат креми за сонце кога ќе излезат од дома.
И додека тие се „забавуваат“ со своите фотографии на социјалните мрежи, важно е да предупредиме на последиците од неодговорното изложување на сонцето.
Ракот на кожата е чест облик на рак, а во Велика Британија е најчест. Повеќето немеланомски карциноми на кожата се предизвикани од преголемото излагање на сонцето. „Последиците од штетните зраци позначително се чувствуваат долгорочно. Многумина забораваат колку влијание има кога е во прашање рак на кожата едно изгореница на телото од сонцето. Таквите долги бранови пенетрираат длабоко во кожата, а повторување на изложеноста може да предизвика прерано стареење на кожата поради постепеното губење на еластичноста на кожата“ изјави докторот Даниел Глас за „Femail“ од клиниката за дерматологија во Лондон
Тој истакна дека е многу важно возрасните и децата со посветла кожа да се заштитат за време на изложување на сончевите зраци.
„Не е препорачливо активно да се обидувате да потемните. За време на летните месеци и одморот избегнувајте сончање сред ден. Ако планирате да бидете на сонце, изберете сенка и заштитете ја кожата со облека и креми за сончање кои ќе ве заштитат од УВБ и УВА зраци“, додава докторот.
Препораките на Skin Cancer Foundation за превенција на карциномот на кожата вклучуваат.
1. Избегнување на изложување на сонцето од 10 до 16 часот, и спречување на појава изгореници на кожата од сонцето
2. Заштита со адекватна облека, вклучувајќи и шешир со широк обод и УВ заштитни очила за сонце
3. Користење креми со заштитен фактор СПФ 15 или повеќе секојдневно.
4. Примена на адекватна количина на крема за заштита од сонце (2 поголеми лажички за цело тело) половина час пред сончање.
5. Повторно нанесување на кремата со заштитен фактор на секои два часа или по секое влегување во вода и силно потење на телото и други мерки.