Реклама
Холивуд

Брука – три гостинки на венчавката носеа потполно идентичен фустан како на Меган Маркл

Реклама

Ако ништо друго, барем сите медиуми пишуваат за нив

Фустанот што Меган Маркл го носеше на божиќната вечер кај кралицата Елизабета II толку и се допадна на британската јавност, што некои дами сакајќи да остават добар впечаток, на венчавката се појавија во истата креација.

Маркетинг

Тие сакаа да играат на сигурна карта бидејќи креацијата од претходно сите медиуми ја пофалија, но притоа заборавија дека не се единствени кои размислуваат на ист начин. Да се појавите на ист настан во идентично издание е ноќна мора на секоја жена, а камоли кога станува збор за венчавка која што ка гледа и за која зборува целиот свет.

Имено, три гостинки на венчавката се појавија во идентични фустани направени по моделот што го носеше Меган, односно поточно нејзината двојничка. Во прашање е потполно идентична креација која што актерката  Парис Фиц-Хенли која во филмот „Хари и Меган –кралска романса“ ја глумеше Меган Маркл, го носеше во една сцена.

Хекланиот фустан од „Self-Portrait“ изнесува околу 500 долaри додека војвотката од Сасекс на вечерата кај кралицата носеше сличен модел од истиот бренд.

Кејт Мидлтон во фустан од Self-Portrait

 

Поврзано

Back to top button