Брука – три гостинки на венчавката носеа потполно идентичен фустан како на Меган Маркл
Ако ништо друго, барем сите медиуми пишуваат за нив
Фустанот што Меган Маркл го носеше на божиќната вечер кај кралицата Елизабета II толку и се допадна на британската јавност, што некои дами сакајќи да остават добар впечаток, на венчавката се појавија во истата креација.
UPDATE: I JUST SPOTTED ANOTHER WOMAN WEARING THE SAME DRESS! #MyWorstFear #RoyalWedding pic.twitter.com/gzWrLKEcfx
— nat (@cosmiccarsons) May 19, 2018
Маркетинг
Тие сакаа да играат на сигурна карта бидејќи креацијата од претходно сите медиуми ја пофалија, но притоа заборавија дека не се единствени кои размислуваат на ист начин. Да се појавите на ист настан во идентично издание е ноќна мора на секоја жена, а камоли кога станува збор за венчавка која што ка гледа и за која зборува целиот свет.
Имено, три гостинки на венчавката се појавија во идентични фустани направени по моделот што го носеше Меган, односно поточно нејзината двојничка. Во прашање е потполно идентична креација која што актерката Парис Фиц-Хенли која во филмот „Хари и Меган –кралска романса“ ја глумеше Меган Маркл, го носеше во една сцена.
OMG one of the guests is wearing the same outfit from when Meghan met the queen in the Lifetime movie! 😱 #RoyalWedding pic.twitter.com/9SxDO6k2i9
— nat (@cosmiccarsons) May 19, 2018
Хекланиот фустан од „Self-Portrait“ изнесува околу 500 долaри додека војвотката од Сасекс на вечерата кај кралицата носеше сличен модел од истиот бренд.
Кејт Мидлтон во фустан од Self-Portrait