Реклама
Вирално

Бројката се искачи на 201: Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во Македонија

Реклама

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата.

 

Маркетинг

По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Маркетинг

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Епидемиологот Лари Брилијант (75) кој во 2006 година го предупреди светот на пандемија, вели дека можеме да го победиме корона вирусот.
Според него на државите треба да им е приоритет масовното тестирање, како што тоа на пример го направи Јужна Кореја.

Пред 14 години Лари Брилијант, епидемиологот кој учествуваше во искоренувањето на малите сипаници, зборуваше во својот ТЕД говор за следната голема пандемија. Неговите предвидувања од 2009 година беа толку страшни што тогаш ретко кој го сфати сериозно. Но сега на сите им е јасно дека бил во право за се што збрувал.

Милијарди ќе се разболат. Околу 165 милиони луѓе ќе умрат. Ќе дојде до глобална рецесија и депресија, а трагедија од околу 100 милиони мртви нема да биде ништо во однос со трагедијата што ги чека оние што ќе преживеат – рецесија, депресија, недостаток на работа, недостаток на здравствена заштита.

Последиците од таквата пандемија ќе бидат незамисливи – предупредуваше овој познат епидемиолог пред 14 години. Таквиот незамислив пекол денес стигна, а Брилијант е на чело на тимот за окончување на оваа пандемија, која е на самиот почеток, а веќе ни ги поремети животите на сите.

Тој во разговор за магазинот зборуваше за тоа што не очекува за време, но и по завршувањето на оваа пандемија.

„На својот ТЕД говор кој го нареков ‘Помогнете ми да ја сопрам пандемијата’ желбата тогаш не ми беше исполнета, но некои од системите што тогаш ги побарав се покренати. Смешно е тоа, бидејќи сите го гледавте филмот ‘Contagion’. луѓето веат дека во него сé е предвидено. Но не е во прашање никакво предвидување, туку тоа го зборува науката. Епидемиолозите последните 10 до 15 години предупредуваат дека ќе дојде до ова, но тешко е да ги натерате луѓето да слушаат“ вели во интервјуто Брилијант.

Корона вирусот е нов, и со самото тоа не постои нити едно лице на планетата што е имун на него бидејќи никогаш го немал претходно. Тоа значи дека може да зарази преку седум милијарди луѓе ширум светот.

Што се однесува до повторната зараза од новиот корона вирус за кој се зборува, верувам дека попрво ќе излезе дека тестовите потфрлиле (не биле најпрецизни) отколку што навистина дошло до повторна инфекција. Но имајте на ум дека милиони од нас ќе заболат од овој вирус. Се е можно. Ова е најопасната пандемија со која сме соочени. Она што навистина е важно е сите да се изолираме за да ја развлечеме кривата на заразата колку можеме повеќе.

Со тек на време ќе дојде до епидемиолошки златен прстен.Тоа значи дека прво, голем број луѓе ќе го преболат корона вирусот и ќе станат имуни на него, а второ – ќе развиеме вакцина. Комбинација од овие два фактора ќе биде доволна да го развиеме имунитетот на стадото, што значи заштита за околу 70 до 80 отсто од целокупната популација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button