Брои ситно до породувањето и никогаш НЕ изгледала поубаво – Луна БЛЕСКАШЕ во тесното фустанче со стомакот во преден план
Познатата ријалити ѕвезда Луна Џогани брои ситно до денот кога треба да се породи
Младата пејачка и инфлунесерка Луна Џогани ги изненади сите со својата последна објава на социјалните мрежи.
Имено, таа сподели видео на кое е облечена во кусо црно фустанче кое ја следи линијата на нејзиното тело, но и го истакна трудничкиот стомак.
Нејзините фанови веднаш и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво и дека блеска заради бременоста.
Да потсетиме, Луна во ноември откри дека чека девојче, а по некое време го откри и името што со Марко го планираат за бебето.
Тие тогаш открија дека нивната наследничка ќе се вика Миа, а неодамна се огласи и мајката на Луна, Анабела Атијас.
„Лунчи е супер. Одмара.. Има само уште осум недели до терминот. Весела е.. одвај чекаме да се породи!“
Инаку, бремената Џогани редовно споделува фотографии со кои ги воодушевува своите фанови.
Нејзините изданија не можат да поминат незабележано, посебно кога ќе го истакне своето занесно тело.
Како изгледа познатата ријалити ѕвезда и пејачка во осмиот месец од бременоста, погледнете во продолжение.
Таа и во претходните објави покажа дека е активна трудница, привлекувајќи внимание со големиот стомак.
Таа ужива максимално во својата блажена состојба, а од нејзините објави можеме да забележиме дека трудничкиот стомак не и пречи премногу. Таа не ја трга насмевката од лицето и блеска во бременоста, а со тоа остава впечаток дека е презадоволна и пресреќна во животот.
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани