Брнабиќ објави фотографија на ТВИТЕР: Познат српски новинар приведен поради „обесената“ кукла со ликот на Вучиќ (ФОТО)
Ќерката на Савковиќ, Емилија, негира секаква поврзаност со куклата
Српскиот новинар Бошко Савковиќ е приведен под сомнеж дека на протестот „Србија против насилството“ што се одржа во саботата носел „обесена кукла со ликот на претседателот на Србија Акендар Вучиќ“, информацијата ја потврди адвокатот на Савковиќ за N1.
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ сподели на Твитер фотографија од петтиот протест против насилството на која се гледа транспарент од кој виси кукла со ликот на Александар Вучиќ на бесилка.
Kako ovo objasnite deci? Moj sin ima 4 god. Ja sam “ćale” za vas koji promovišete tolerantnije društvo – i ne znam kako bih mu objasnila. @avucic je prijatelj, otac, sin… čovek koji daje sve da 🇷🇸 bude jača. Imate drugačiju viziju – OK, ali vešanje, a borite se protiv nasilja? pic.twitter.com/knhQXxPYYF
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 3, 2023
Маркетинг
. Транспарентот покрај кој е куклата вели таа е нивен и го носеле на вчерашниот протест „Србија против насилството“ и сега се наоѓа во нивниот дом, но за куклата не знаат ништо, изјавила таа за дневниот весник „Данас“.
Бошко Савковиќ e познат како новинар, писател и критичар на режимот на Слободан Милошевиќ.
Ова е едно од неговите интервјуа за кои деновиве Србија зборува.