Тамара беше брилијантна
Нашата претставничка настап под реден број 8 и ги воодушеви сите со својот брилијантен настап. Таа ја изведе песната „Proud“ која и ја посвети на својата ќерка Хана, но и на сите девојки што се борат со предрасудите во светот во кој што живееме. Според Билборд, токму ова би можело да допринесе Тамара да ја однесе и победата, а по нејзиниот брилијантен настап шансите се сé поголеми.
Па, да и држиме среќа – бројот 8 можеби навистина ќе и донесе среќа. А еве и зошто. :)
Во Калдејската нумерологија, бројот 8 е среќен број и го преставува успехот што доаѓа по почетните откажувања. Го отсликува реченицата „преку трње до ѕвездите“, што е совршено прикладно за патот што го минуваат спортистите кои учествувале на Олимписките игри.
Бројот 8 е среќен број и за Кинезите. Затоа и не треба да не изненади тоа што Олимписките игри во Пекинг започнаа на 8.8 2008 . Во Кина ако сакате да го имате среќниот број 8 во вашиот број од мобилниот телефон или на регистарските таблички, таа услуга ќе морате посебно да ја платите, а домаќинствата и компаниите кои имаат број 8 во адресата се сметаат за посебно среќни и успешни.
Па се надеваме дека и на Тамара ќе и донесе среќа вечерва.