Бресквица драстично го промени својот имиџ, па ги изненади сите со НЕОБИЧНАТА ФРИЗУРА, но и со новата тетоважа (фото)

Младата пејачка ги воодушеви сите

Младата и популарна пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, повторно го промени драстично имиџот.
Пејачката овој пат ја промени и фризурата
Имено, Анѓела сподели видео од кое фановите можеа да видат дека и ја скратена косата, но и дека се уште е црвена.
Таа позираше пред камерата, а судејќи според реакциите на фановите, новиот имиџ и стои одлично на пејачката.

Под маичката се гледаше нејзината нова тетоважа, а како што има изјавено во своите претходни интервјуа, тетоважата со мачето, што ја имаше на својата раменица, планира да ја преправи.

Новата фризура но и тетоважа погледнете ја во продолжение, како и неколку нејзини постари фотографии.

Популарната пејачка се фотографираше уште додека беше во салонот кога прикажа пар отсечени прамени.
Фризурата што овој пат Бресквица реши да ја носи е позната под името „long bob“ и судејќи според фан страните на младата ѕвезда, на бројните обожаватели во регионот очигледно им се допаѓа новата промена на младата пејачка.

Да потсетиме, во народот е застапено мислењето дека кога девојка ќе ја промени фризурата та најверојатно значи дека раскинала со момчето или бара промена во љубовта, па така и по раскинувањето со Војаж се офарба во црвено, па сега се поставува прашањето дали повторно останала сама.

Имено, тинејџерскиот пар Анѓела Игњатовиќ Бресквица и Михајло Веруовиќ Војаж станаа познати заедно, па решија да се разделат. Музичката кариера ја продолжија посебно, а и двајцата објавија песна во истиот ден и кај фановите предизвикаа лавина од коментари.

Нивниот однос се уште ја интригира јавноста, иако и двајцата се обидуваат да го најдат своето место под естрадното него.
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓела Игњатовиќ
