Брена ја бие глас дека е најголем скржавец на естрадата, дали навистина е така откриваат нејзини блиски луѓе
За популарната српска пејачка Лепа Брена која не само што години е успешна на естрадата, таа води и успешен бизнис. Но ја бие глас дека е скржава. По тој повод се огласи нејзината куќна помошничка која со години работи во нејзината куќа на Бежаниска коса.
Таа открива како големата музичка ѕвезда се днесувала со неа низ годините и изрази револт кон она што се зборува дека е циција.
-Верувајте му, Брена е исклучителна жена. Таа беше кон моето семејство многу добра, вели жената која работи во вилата на Брена, но не сака да ѝ се споменува името.
– Кога и да завршев со работата и да тргнам кон дома, Брена ќе ми спремеше храна, овошје, сокови, слатки… Не сакаше да си одам со празни раце, а тоа нема врска со платата. За гардероба да не зборувам. Дури купуваше и капути за мене и моите ќерки и ни даваше облека за сите прилики – вели куќната помошничка на пејачката.