Брена се соблече во костим за капење и во седмата деценија го „сруши“ ИНСТАГРАМ – и Памела Андерсон може да и завидува на ова тело!
Носеше модел што го прослави Памела Андерсон
Популарната фолк ѕвезда објави фотографија на која носи едноделен костим за капење и позира на плажа.
Балканската фолк ѕвезда Лепа Брена заедно со својот сопруг Боба Живојиновиќ замина на одмор на Тајланд.
Таа од ова луксузна дестинација објави фотографија од плажа на која позира во едноделен костим за капење.
Во прашање е едноделен модел на костим за капење во црвена боја со кој Брена го истакна своето тело.
Таа се фотографираше додека ужива на плажа, а во центарот на вниманието беа нејзините долги, згодни нозе.
„Жена во седмата деценија има нозе како девојче“, „За Брена времето не постои“, „Браво Брено, како виното си“, беа само некои од коментарите што популарната пејачка ги доби на сметка на својот изглед.
Брена веќе долги години важи за една од најзгодните пејачки, а со ова издание покажа дека оправдано ја носи титулата.
Таа едноставно изгледа совршено за своите години, а костимот во страсна црвена боја совршено стои на нејзиното исончано тело.
Што се однесува костимот за капење што го избра познатата пејачка, во прашање е модел кој веќе со децении е хит на плажите. Го прослави Памела Андерсон во хит серијата „Чувари на плажа“, а негова голема предност е што им стои убаво на многу дами и успешно ја прекрива критичната зона во пределот на стомакот.
https://www.instagram.com/p/BmY5ktcgg3_/
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена