Брена мене не ми е сверква – познатата фолкерка ги шoкиpaше сите со нејзината изјава, дали „пyкна тиквата“ меѓу нив?
Пејачките од секогаш имале добар однос, но една од последните изјави на Александра ги загрижи нивните фанови
Пејачката Александра Пријовиќ не ретко во своите интервјуа има истакнато дека има одличен однос со Лепа Брена, полн со љубов и меѓусебно почитување.
Но како што самата изјави во една пригода, некои „пријатели“ од естрадата и завидуваат многу повеќе што добро се омажила, отколку што добро пее, па не и признаваат дека успехот го стекнала со труд и залагање.
„На некои мои колешки многу повеќе им пречи бракот отколку кариерата.“
„Мислам дека сите мои успеси би можеле да ми ги простат и да преминат преку нив, но тоа што се омажив за него, тоа никогаш. Излегува дека без Филип и Брена јас не би успеала во животот. Акцентот секогаш е на него, без разлика што сите песни и спотови сама ги финансирам“, изјави таа во своето интервју за естрадниот весник „Свет“.
„Никогаш не сум била љубоморна на било чиј успех во животот, во работата, ниту пак на нечиј складен брак“ .
Пејачката исто така истакна дека Брена не и е свекрва, бидејќи откако се омажила за Филип таа титула во медиумите постојано се споменува во медиумите и покрај тоа што Пријовиќ и самата е една од најпопуларните ѕвезди, посебно меѓу помладата генерација која пшо слуша фолк музика.
Морам исто така да кажам дека на мене Лепа Брена не ми е свекрва, туку мајката на Филип, Зорица.
Но токму оваа изјава покрена и сомнеж дека младата пејачка и Брена не се во добри односни, но Александра како и секогаш, имаше само убави зборови за најпопуларната пејачка уште од времето на Југославија.
„Брена е една прекрасна жена која се грижи за семејството и е многу добар човек“, додаде таа за „ИДиЏеј“ и истакна дека има одличен однос со неа и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Бобан Живојиновиќ.
Таа во една пригода за „Хело магазин“ изјави дека би сакала да постигне сето она што го постигнала и Брена, да има сјајна кариера и да биде најдобра мајка на светот.
„Брена е навистина пример за тоа. Одредени жртви мора да постојат, но само во одредени околности, не за време на целата кариера или животот. Драгоцени се сите совети кои ми ги дава и за сега ги следам“ изјави тогаш таа.