Брена и Боба купија стан во најлуксузната зграда во Црна Гора? Погледнете како изгледа „кралскиот апартман“
Парот знае како да ужива
Кога ќе ги соберете цифрите, ако Брена и Боба купиле стан кој е голем барем 70 метри квадратни, тогаш неговата цена ќе биде околу 280.000 евра. Но апартманите во оваа зграда се далеку поголеми, па семејството Живојиновиќ сигурно потрошиле многу повеќе за ова место.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купија стан на црногорското приморје и тоа во најскапата зграда во Будва.
Фолк ѕвездата и нејзиниот сопруг, како и останатите членови на семејството добар дел од годината минуваат во Будва, а таму имаат и јахта која преку лето ги чека во пристаништето во Стариот град.
Но за да се чувствуваат покомфорно и за да имаат своја приватност, парот одлучи на ова место да вложи во недвижнина.
Во прашање е кралски апартман, како што ги нарекуваат апартманите во оваа луксузна зграда, а цената на метар квадратен е 4000 евра.
Парот беше виден како пијат кафе во ресторанот во зградата, по што пејачката замина во апартманот, се пресоблече за на плажа, а потоа скокна на својата јахта и замина на бањање далеку од гужвата.