Лепа Брена заедно со сопругот Боба Живојиновиќ, по враќањето од Монако веднаш се тестирале на коронавирус и одлучиле да бидат во самоизолација.
„Вирусот се шири кај оние кои не го сфаќаат сериозно. Мене ми е период за пролетно чистење дома, па ќе ја искористам изолацијата за редовна дезинфекција. Придржувајте се кон здрави хигиенски навики“, порача Брена.
Тие ќе избегнуваат контакти во следните 14 дена, за да бидат сигурни дека не се заразени со коронавирус.
Според најновите информации во Италија, во последните 24 часа од вирусот животот го изгубиле 349 лица.
Најпогоден регион во цела Европа е Ломбардија. Нивниот гувернер за италијанското радио „Радио 1“ изјави дека се бележат првите знаци на успорување на вирусот додека италијанскиот премер Џузепе Конте порача дека е неопходна максимална претпазливост и почитување на драстичните мерки што се воведени.
Тој нагласи дека во врска со економијата кога е во прашање корона вирусот веќе ништо нема да биде како порано и дека ќе мора да се прават нови стратегии и планови за трговија и слободниот пазар.Инаку, Италија веќе со денови е во потполна изолација.