Реклама
Наши ѕвезди

Брена им забрани да ја викаат баба. Еве што вели за нејзината снаа

Реклама

„Пријовиќ е одлична мајка. По царскиот рез веднаш стана од креветот. Не е разгалена и го дои бебето. Ние гледаме, трепкаме и плачеме од среќа…“

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Брена за време на своето последно интервју ги предупреди новинарите доколку ја викаат баба дека ќе го прекине интервјуто.

Имено, таа на самиот почеток им порача дека не сека да ја нарекуваат баба со следниов коментар:

Маркетинг

„Јас сум само сопруга на дедото. Не ме викајте со некакви баби и слично бидејќи веднаш ќе го завршиме интервјуто“, кажа таа со насмевка на лицето пред камерите на „IDJTV“, а веднаш потоа започна да зборува за малиот Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

„Тоа е среќа, радост, нешто што не може да се опише со зборови. Кога ќе ги видите Александра и Филип со бебето, односно кога ќе ги видите своите деца, не знам, навистина е тешко да се опише таква љубов“, изјави Брена барајќи ги вистинските зборови за да ја изрази среќата и големата радост што ја чувствува поради приновата во нивното семејство.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

„Александра е фантастична мајка која стана веднаш, утредента, по царскиот рез. Воопшто не е разгалена. Многу е посветена на своето бебе. Го дои. Не знам што да ви кажам. Ние само трепкаме и гледаме, и ни доаѓаат солзи радосници“, раскажува разнежено пејачката.

Поврзано

Back to top button