Брена изгледа одлично, а нејзиниот сопруг е потполно изобличен – нема да ви се верува колку килограми е поправен
Познатата пејачка направи фотографија на која се гледа нејзиниот сопруг во шорц додека се возат во јахта
Познатата пејачка Лепа Брена заедно со својата посилна половина, Боба Живојиновиќ деновиве се опуштаат на црногорското крајбрежје. Но она пто го забележаа нивните обожаватели е дека Брена и покрај годините изгледа се подобро и подобро, додека Боба се „запуштил“.
Брена се уште изгледа како во најдобрите денови, без грам вишок на себе, а за разлика од неа поранешниот спортист веќе со години кубури со килограмите, а неговиот стомак сега е поголем од кога било досега.
Познато е дека Боба е добар готвач, но и дека ужива во убавата храна, а за тоа сведочат и бројните фотографии на кои можеме да видиме како заедно со сопругата ги посетува најпознатите ресторани во регионот и во странство.
„Единствено не се согласуваме во храната. Бидејќи таа заради работата мора да внимава што јаде, а јас ги добив овие силни килограми. Заради тоа постојано оди по мене и ме опоменува“, изјави Боба во една пригода и откри дека на пејачката не и е сеедно што не може да и одолее на добрата храна, но и да добрата голтка. Имено, познато е дека Лепа Брена со своето семејство поседува и една позната винарија, па очигледно и на нејзиниот сопруг не му е лесно да се откаже од сите тие задоволства што му се на дофат на рацете.
Поранешниот тенисер пред девет години вети дека ќе се ошиша ќелав доколку Србија го освои Дејвис куп, но и дека ќе ослабне 25 килограми, во што и успеа. Но, за кратко време повторно му се врати на хедонистичкиот живот, па резултатите од диетата сега веќе се далечно минато.